Шок дијагноза за Вембањама: Крај на сезоната поради несекојдневен проблем!

Шокантните вести за Сан Антонио. До крајот на сезоната тимот од НБА лигата ќе биде без услугите на еден од најдобрите свои кошаркари, Виктор Вембањама кај кого е утврден несекојдневен здравствен проблем.

Кај Вембањама, по лекарските прегледи по настапот на Олстар викендот во Сан Франциско, е утврдена длабока венска тромбоза во десното рамо, поради што ќе мора неизбежно да паузира од кошарката.

Искусни специјалисти препорачале целосно подолготројно мирување од професионален спорт, па неизбежно за Вембањама ќе следи подолга пауза. Се очекува наскоро и официјално да се огласи и Сан Антонио.

Вембењама сезонава е со просек од 24,3 поени, 11 скокови и 3,7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...