Шок до шок за семејството на Диего: „Лудак“ се фотографирал со телото, Марадона барал да биде балзамиран па… (ФОТО)

Семејството на Диего Марадона низ само 24 часа по смртта на легендарниот Аргентинец постојано се соочува со неверојатни ситуации. Шок до шок за најблиските на Дон Диего.

Еден од вработените во компанијата задолжена за погребот на Марадона ја злоупотребил својата положба па приреди вистински скандал. Го отворил ковчегот со телото на аргентинскиот ас и се фотографирал со мртвиот Марадона, па фотографијата веднаш ја објавил на социјалните мрежи. И на сето тоа, позирајќи со подигнат палец.

Сето тоа наиде на жесток револт кај најблиските на Марадона но и кај сите фанови на Аргентинецот. Неодговорниот вработен веднаш добил отказ, а откако од страна на адвокатот на Марадона беше покрената и тужба, се најде и под полициска истрага.

Но, уште еден шок беше тестаментот на поранешниот фудбалер кој посакува неговото тело да биде балзамирано и потоа изложено за сите негови фанови. Па, неговото семејство се уште нема одлучено околу оваа наводна желба на легендарниот фудбалер.

 

Се вчитува...