Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и дефинитивно ќе го пропушти претстојниот дуел од Лигата на Нации против селекцијата на Косово. Ова е огромен шок за селекторот Игор Ангеловски, со оглед на фактот дека Елмас требаше да биде еден од главните адути на Македонија во борбата за место на ЕВРО 2021.
Информацијата попладнево ја објави Наполи на официјалната страница, откако „наполитанците“ утрово повторно беа тестирани по позитивниот тест на Зиелински во текот на вчерашниот ден. Најпрвин беше објавено дека сите тестови се негативни, потоа дека четири од нив се испратени на дополнителна обработка, за последната вест да биде шокантна за нашата фудбалска јавност – Елмас е позитивен на Covid-19 токму во најважниот период за нашиот репрезентативен фудбал.
Durante l’elaborazione degli ultimi 4 tamponi, è risultato positivo al Covid-19 il calciatore Elif Elmas.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА