Езгијан Алиоски нема да продолжи да го носи дресот на Фенербахче во вториот дел од сезоната откако турскиот гигант донел одлука предвреме да ја прекине соработката со македонскиот репрезентативец.
Алиоски пристигна во Фенер на позајмица од саудискиот клуб Ал Ахли, играше сосема добро на натпреварите на кои добиваше шанса и до неодамна информациите велеа дека турскиот гигант ќе го откупи целосно договорот што нашиот репрезентативец го има со Ал Ахли. Не само што тоа не се случи, туку „сино-жолтите“ во меѓувреме целосно го сменија ставот по ова прашање, па сега бараат начин да раскинат со Алиоски уште во јануари. Според турските медиуми, разговорите на оваа тема се веќе започнати и се очекува Фенербахче наскоро да постигне договор со Ал Ахли, по што саудискиот клуб повторно ќе мора да бара нова дестинација за Алиоски.
Неофицијално, причина за пресвртот е желбата на тренерот Жезус во својот тим да го доведе Дејли Блинд. Холандскиот ветеран е слободен играч по раскинот со Ајакс и може да пристигне без никаква отштета, Фенербахче веќе испратил конкретна понуда, а за отворање на место во тимот „жртвуван “ ќе биде токму Алиоски,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА