Шок: Флорентино Перез ќе си поднесе оставка во Реал Мадрид?!

Флорентино Перез е подготвен да се повлече од функцијата претседател на Реал Мадрид, шокантна информација што доцна синоќа прв ја лансираше шпанскиот новинар Пепе Алварез, повикувајќи се на извори блиски до првиот човек на „кралскиот клуб“.

Флорентино има мандат до 2028 година, но планира а се повлече во вториот дел од 2026. Шпанските медиуми засега не шпекулираат со имиња за новиот претседател, но тврдат дека тоа ќе биде некој од блиските соработници на Флорентино, со оглед на најавите на 78-годишникот дека ќе стори се за мирно примопредавање на власта.

Перез веќе ставил до заење дека сака уредна и планска транзиција на Реал Мадрид, за 2026 најави референдум во клубот за одредени прашања што тој ги смета за клучни, но според новинарот Алварез, тој планира да се повлече без разлика на исходот од референдумот.

Флорентино за првпат стана претседател на Реал Мадрид во 2000 година, кога ја лансираше „галактикос политиката“, носејќи врвни фудбалски имиња како Фиго, Зидан, Роналдо, Бекам…. Првата ера траеше до 2006, а втората почна во 2009 година и трае до ден денеска.

Се вчитува...