Денешниот ден на СП во атлетика што се одржува во Токио донесе големо разочарување за српската јавност, откако најдобрата атлетичарка од нашиот северен сосед, Ивана Шпановиќ не успеа да се пласира во финалето во трискок.
Шпановиќ допатува во Токио како бранителка на златото во скок во далечинa, но реши да не се натпреварува во оваа дисциплина, туку во трискок. Шпановиќ најавуваше и атак на медал, годинава во неколку наврати ја мина границата од 14 метри, но во денешните квалификации целосно разочара, во првата серија скокајќи 13,82 метри, најдолг скок од трите обиди за неславен крај нна овој светски шампионат.
Најдобар скок во квалификациите имаше Лејанис Перес Ернандес – 14,35 метри, додека последното 12. место кое води во финалето и припадна на Тугба Данишмаз, со трискок од точно 14 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

