Шок: Јаник Синер се откажа од Олимписките Игри

Тенискиот турнир на Олимписките Игри во Париз ќе мине без светскиот рекет број 1, откако Јаник Синер денеска објави дека не е во можност да настапи на ова големо натпреварување.

Синер поради болест доцнеше со пристигањето во „Градот на светлината“, се најавуваше дека тој денеска ќе пристигне во Париз, но наместо тоа пристигна изненадувачка вест, па Италијанецот обелодени дека нема да биде во можност да настапи на ОИ.

„Жал ми е што морам да ве информирам дека нема да можам да настапам на Олимписките Игри во Париз. По добра седмица тренинзи на земјена подлога почнав да не се чувствувам добро. Неколку дена мирував, но по деталните прегледи докторите утврдија дека имам тонсилитис и строго ми препорачаа да не играм. Ова е големо разочарување за мене бидејќи настапот на ОИ ми беше една од главните зацртани цели оваа сезона. Им посакувам многу среќа на сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома“, порача Јаник Синер.

Се вчитува...