Шок: Крај на кариерата на Давид Алаба?!

Еден од најдобрите дефанзивци кои ја одбележаа последната деценија несомнено е Давид Алаба кој по фантстичните настапи за Баерн Минхен премина во Реал Мадрид. Таму сепак се соочи со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти, повреда која би можела и предвреме да му ја заврши карирата, открива шпанскиот медиум „Онда Серо“.

Алаба се очекуваше да се врати на терените овој месец, но рехабилитацијата не се одвива во најдобар можен ред. Според последните информации неговиот камбек се очекуваше на почетокот на 2025 година, но до истиот може и да не дојде судејќи по информациите на Шпанците.

„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, открива медиумот.

Сега 32-годишникот е надвор од терените од 17. декември кога се повреди на натпреварот против Вилјареал.

Се вчитува...