Шок: Луческу имал нов срцев удар во Букурешт!

Мирчеа Луческу ги минува најтешките моменти откако беше обелоденето дека прославениот романски стратег утрово имал нов срцев удар во клиниката во Букурешт, каде лекарите за среќа успеале да му го спасат животот.

Луческу ја мина оваа седмица во болницата во романскиот главен град откако колабираше пред тренингот на репрезентацијата во пресрет на заминувањето за Словачка, лекарите ја оценија состојбата како загрижувачка, а по деталните прегледи и позитивните резултати тој денеска требаше да биде отпуштен од болницата.

За жал, утрово се случил нов кош – состојбата значително се влошила, романските медиуми информираат за нов срцев удар на трофејниот фудбалски стратег, но за среќа лекарите со навремена интервенција повторно му го спасиле животот.

Романската Фудбалска Федерација и официјално објави дека Луческу повеќе не е селектор, му се заблагодари на 80-годишниот стратег за се што стори за фудбалот во својата земја, а за нов кормилар на националниот тим го именуваше Георге Хаџи.

Се вчитува...