Шок: Микел Хансен зема одмор од ракометот поради преголем стрес

Изненадувачки вести пристигнуваат од Данска, откако Микел Хансен решил да земе одмор среде сезона поради преголемиот стрес што го чувствувал најдобриот ракометар од земјата што е актуелен светски првак.

Хансен до пред десетина дена ја предводеше Данска кон нова светска круна, поради повреда имаше минимална минутажа во големото финале со Франција, но се очекуваше да биде лидер на Алборг во вториот дел од сезоната. Наместо тоа, тој ќе одмори од ракометот, по консултациите со претставниците на клубот, медицински лица и неговот семејство.

„Ова беше хаотична година за Микел. Прво имаше сериозни здравствени проблеми пролетта во 2022, па по десет успешни години во странство се врати назад во Данска, каде цело време се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста. Стресот што го чувствува е преголем, па заеднички, клубот и ракометарот донесовме одлука тој да земе одредено време надвор од терените, да ја добие сета потребна професионална помош за да се опорави. Молиме до јавноста да покаже разбирање за Хансен и неговото семејство да го добијат мирот што го заслужуваат во овие моменти“, се вели во соопштението на Алборг.

Се вчитува...