Лионел Меси и дефинитивно ја напушта Барселона! Ова официјално вечерва го соопштија и од каталонскиот клуб.
Од таборот на Барселона пред јавноста се појавија и со соопштение во кое информираат дека Лионел Меси не останува во клубот.
„И покрај тоа што Барселона и Лионел Меси постигнаа договор, и покрај јасната намера на двете страни денеска да се потпише нов договор тоа не може да се случи поради финансики и структурални препреки (регулации на шпанската лига). Како резултат на оваа ситуација, Меси не останува во Барселона. Двете страни жалат што желбите на играчот и клубот нема да бидат исполнети. Барселона од цело срце се заблагодарува на играчот за неговиот допринос во клубот посакувајќи му се најдобро во иднина на личен и професионален план“ – се вели во соопштението од ФК Барселона.
LATEST NEWS | Leo #Messi will not continue with FC Barcelona
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА