Во квалификациската штафетна трка 4х100 метри, машкиот тим на Јамајка не успеа да ја исполни својата улога на фаворит. Тие ја завршија трката на четвртото место во групата, со време од 38,45 секунди, што не е доволно за финалето.
Четворката од Јамајка одлично ја започна трката, постојано беа во борба за првите три позиции и директен пласман во осминафиналето. Сепак, последната промена беше направена катастрофално. Џелани Гордон премногу бавно му ја предаде палката на Кишан Томпсон и дефицитот беше неповратен.
Во Лондон 2012 година, тимот предводен од Јусеин Болт постави светски рекорд од 36,84 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА