Шок на меч од Лигата на шампионите: Данскиот судија Мадсен се струполи на терен, итно пренесен во болница

Данскиот судија Јеспер Мадсен падна на паркетот на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Спортинг, па итно беше пренесен во најблискиот клинички центар во Унгарија.

Шокирачки за сите присутни во салата, Мадсен се струполи на терен во финишот на првото полувреме. Набрзо се исправи, но потоа теренот го напушти на носилки веднаш префрлен во клинички центар на детални прегледи. На теренот во второто полувреме како единствен судија остана неговиот партнер Мадс Хансен.

Мадсен и Хансен се добро познати и на македонската спортска јавност, која искажа огромна лутина поради начинот на делење на правдата на натпреварот на Македонија против Холандија на неодамнешното Светско првенство 2025 во Вараждин, Хрватска.

Се вчитува...