Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос!
На официјалната интернет страница на грандслем турнирот и официјално е потврдено дека Ѓоковиќ се повлекува од Отвореното првенство во Франција, откако резултатите од магнентната резонанца очигледно беа непосакувани.
Ѓоковиќ денеска од 15 часот имаше магнетна резонанца и резултатите не беа согласно очекувањата. Согласно лекарските препораки Новак нема да може да го издржи четвртфиналниот предизвик со Каспер Руд поради што мора да се повлече од турнирот.
„Поради скинат медијален менискус на десното колено (откриено денеска на магнетнaта резонанца) Новак Ѓоковиќ, кој утре требаше да игра четвртфинале против Каспер Руд, принуден е да се откаже од Ролан Гарос. Поради посувите услови и сонце, тоа влијае на земјената подлога и повредата се случи токму поради тоа при отклизнување на теренот“ – се вели во соопштението од грандслем турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

