Екипата на Вест Хем триумфираше на гостувањето кај Њукасл, и тренерот Хулиен Лопетеги си „купи мир“ со оглед дека се шпекулираше за негова смена на клупата.
Њукасл одигра слаб натпревар, без решенија, без шанси, а тоа го искористи Вест Хем кој со 0-2 славеше на теренот на противникот.
Соучек уште во 10. минута успеа да донесе предност по асистенција на Емерсон. До крајот на полувремето, Вест Хем беше поблиску до 0-2, отколку домашните до израмнување.
Во 53. минута нов гол во мрежата на Њукасл. Стрелец беше Ван Бисака кој ја удвои предноста на гостите, за победа на крајот од ова тешко гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА