Казахстанската тенисерка, Јулија Путинцева го направи првото големо изненадување на годинашното издание на Вимблдон. Во стартната рунда ја совлада втората турнирска носителка, и број еден во светот до пред две седмици, Наоми Осака. Мечот во воведното коло, Путинцева го доби со 2-0 во сетови. Првиот меч го доби во тај-брејк, а во вториот и препушти на Осака само два гема. За неа пласманот во второто коло е најголемиот успех на Вимблдон во досегашната кариера.
За Осака која е актуелна шампионка од УС Опен и од Австралија Опен ова е прва елиминација во почетното коло на Вимблдон по три години. На овој турнир таа досега најдалеку стигнувала до третото коло.
Претходно, на првиот ден на Вимблдон на женскиот дел од турнирот, победа од носителките забележаа Симона Халеп, Елина Свитолина и Медисон Кис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА