Англискиот првак Челси доживеа голем шок на „Стемфорд бриџ“ оваа вечер, откако загуби убедливо (0-3) од Бурнемаут. Тимот на Антонио Конте беше непрепознатлив, а тоа гостите умееја да го казнат во вториот дел. Калум Вилсон во 51.минута го донесе Бурнемаут во водство, Станислас зголеми на 0-2, а Натан Аке, поранешниот член на Челси, ги докрајчи „сините“.
Евертон славеше со 2-1 против Лестер, а двата гола ги постигна новата аквизиција Тео Волкот. Тој стрелаше во 25. и во 39.минута за „карамелите“, а почесниот гол за Лестер беше дело на Џејми Варди од пенал во 71.минута од средбата.
Резултати Англија: Челси – Бурнемаут 0-3, Евертон – Лестер 2-1, Њукасл – Барнли 1-1, Саутемптон – Брајтон 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА