Шок: Најдобриот играч во НФЛ со тешка повреда (видео)

Најдобриот квотербек во НФЛ во последните неколку сезони, Патрик Махомс од Канзас сити чифс го очекува долга пауза од терените по тешката повреда што ја заработи на последниот дуел со Лос Анџелес.

Махомс падна како покосен и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, а деталните лекарски прегледи само ги потврдија стравувањата – дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото на левата нога.

Врз суперѕвездата во текот на овој месец ќе биде извршен хируршки зафат, а неговиот камбек би можел да се очекува за најмалку шест месеци, па во Канзас сити се надеваат дека најголемата ѕвезда на тимот ќе биде „фит“ за стартот на новата сезона.

 

Се вчитува...