Манчестер Сити е на прагот да забележи огромна правна победа откако англискиот првак долго време е во војна со Премиер-лигата по обвиненијата за прекршување на правилата за финансиски ферплеј.
Судскиот случај со над 100 обвиненија против „граѓаните“ е пред завршница, конечната пресуда ќе биде објавена најдоцна за два месеца, но весникот „Тајмс“ тврди дека таа е веќе донесена. Како што објави овој влијателен медиум, Сити забележал огромна победа во овој случај откако уште кон крајот на ланската година ги урнал клучните три обвиненија, кои се однесуваа на незаконско финансирање од компании блиски до актуелните челници на клубот, за да бидат задоволени строгите правила што ги има пропишано Премиер-лигата.
Истиот извор тврди дека благодарение на овие три клучни точки, Сити ќе ги добие и останатите правни битки со Премиер-лигата, па априлската судска одлука ќе биде во корист на тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Она што е интересно, ако најавите се реализираат, Премиер-лигата не само што ќе биде посрамотена за катастрофалното водење на случајот, туку и ќе мора да плати над 10 милиони фунти судски трошоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

