Шок од Франција: ПСЖ оди на продажба!?

Извори блиски до круговите на моќта во Доха тврдат дека Хамад Ал Тани, емирот на Катар и сопственик на Пари Сен Жермен, е отворен за продажба на францускиот клуб во случај на добра понуда.

Како што пренесува „Л’екип“ тоа секако не значи дека Катар планира целосно да се повлече од ПСЖ. Сепак, тие се подготвени да ја продадат мнозинската сопственост доколку некој е подготвен добро да плати за тоа. Најголемата грижа на акционерите е остриот пад на интересот за фудбалот по Светското првенство во Катар 2022. Поради ова, инвестициската групација КСИ повеќе не ги гледа парижаните како приоритет, дури и покрај тоа што тие се откажаа од купувањето на Манчестер јунајтед.

Угледниот француски весник понатаму истакнува дека Катарците стекнале одредено чувство на одвоеност од проектот на ПСЖ, а главната причина е заситеноста од претходната ера на преплатени ѕвезди што не резултираше со посакуваната доминација во европскиот фудбал.

Бидејќи КСИ продолжува да ги апсорбира загубите, императив е да се намалат трошоците и да се направи организацијата финансиски постабилна. Голем чекор кон ова може да биде продажбата на 12,5% од акциите во клубот во износ од 500 милиони евра на американскиот инвестициски фонд Арктос Партнерс.

Фондацијата КСИ е мнозински сопственик на тимот од Париз од 2011 година. Нивниот период во клубот беше одбележан со сувереното владеење на овој тим во домашните натпреварувања (10 шампионски титули и 7 куп трофеи), заедно со настапот во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2019/20.

Се вчитува...