Шок од Холандија: Луј ван Гал откри дека има рак на простата

Искусниот стратег и легендарен фудбалер на Холандија, Луј Ван Гал открил на една национална телевизија дека боледува од рак на простатата и дека бил неколкупати на зрачење.

Селекторот на „лалињата“, во обраќање до јавноста на една ТВ, објави дека води тешка битка и дека му е потребна поддршката на народот.

„Морав да одам преку ноќ во болница, со цел да не знаат играчите. Мислев дека сум здрав, но не сум. Боледувам од рак на простатата, оваа болест знае да биде доста лоша. Имав агресивна форма, 25 пати бев на зрачење. Имав преференцијален третман во болницата. Секогаш ми дозволуваа да влезам од задната врата кога“, открива Луи Ван Гал.

Скоро сите негови поранешни клубови веќе испратиле поддршка за холандскиот тренер.

Се вчитува...