Изненадувачка информација стигнува утрово од Истанбул, откако челниците на Анадолу Ефес решија да му врачат отказ на Ердем Џан од функцијата шеф на стручниот штаб на двократниот европски шампион.
Ефес летово остана без тренерот Атаман, а одговорната улога да биде негов наследник му припадна на младиот Џан, кој своевремено му беше десна рака на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче, а лани со голем успех го водеше тимот на Турк Телеком. Џан се мачеше да го извлече максимумот од тимот преполн со ѕвезди, а резултатите дефинитивно не беа според очекувањата, откако Ефес падна на 16. место во Евролигата со катастрофален скор од девет победи и 15 порази.
Одлуката за отказ доаѓа еден ден по катастрофалното издание и поразот од 96-70 на гостувањето против Жалгирис, по што на управата и стана јасно дека е дојдено време за промени бидејќи Џан не може да одговори на предизвикот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА