Една од најдобрите ракометарки во светот, Нора Мерк објави дека во следниот период ќе биде надвор од ракометните терени. Репрезентативката на Норвешка, не беше дел од мечот на нејзиниот Есјбјерг во данскиот шампионат против Копенхаген.
Во последниве години, Мерк претрпе неколку сериозни повреди, меѓукои со коленото кое се мачи и сега. Паузата доаѓа во критичен момент кога нејзиниот клуб Есбјерг, го чекаат мечеви во Лигата на шампионите, но и норвешката репрезентација која сметаше на неа на Европското првенство кое ќе се игра овој декември.
Нејзиниот тренер изрази поддршка притоа истакнувајќи ја неизвесноста околу одлуката, не знаејќи колку долго Мерк ќе биде надвор од терените. Тој ја истакна важноста на нејзината благосостојба пред сè друго, укажувајќи дека тие ќе го чекаат нејзиното враќање кога таа ќе се почувствува подготвена, физички и психички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА