„Шок“ од Саудиска Арабија: Нејмар побарал да го напушти Ал-Хилал!?

Бразилскиот интернационалец Нејмар, дојде во Саудиска Арабија ова лето, а од него многу очекуваа во оваа земја. Бразилскиот новинар Адемир Квинтино пренесе информација дека фудбалерот веќе донел одлука да го напушти тимот, во кој стигна за 90 милиони евра од ПСЖ.

Наводно Нејмар барал да се врати во татковината, поради што наместо понудениот договор на четири години, потпишал на две години. Новинарот Квинтино наводно информацијата ја дознал од негови блиски извори, а тој е близок со татко му на Бразилецот.

Целта на Нејмар е да избори место во бразилската репрезентаија во 2026 година кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...