Легендарниот ракометен голман Арпад Штербик, кој беше дел од првата шампионска генерација на Вардар што го крена трофејот во ЛШ, се наоѓа во клиника во Унгарија откако имал срцев удар.
Информацијата ја соопшти неговиот клуб Веспрем каде Штербик работи како тренер на голманите, обелоденувајќи дека големиот ас се чувствува добро по хируршкиот зафат.
„Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање“, објави Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА