Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора Матија Шаркиќ почина утрово во Будва на 26 години.
На Шаркиќ му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал. Матија Шаркиќ пред неколку дена ја воодушеви јавноста со своите одбрани на пријателскиот натпревар со Белгија во Брисел, но после тоа го пропушти натпреварот против Грузија во Подгорица.
Во мартовскиот прозорец тој беше дел од тимот на Црна Гора и на мечот против Македонија, во кој неговата репрезентација славеше со 1-0.
Матија Шаркиќ кариерата ја започна во Андерлехт. Играше за Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук. За репрезентацијата на Црна Гора одигра девет натпревари, а дебитираше против Белорусија во пријателски натпревар во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА