Шок: Почина најпознатиот фудбалски менаџер на денешницата – Мино Рајола

Почина еден од најпознатите фудбалски менаџери, Мино Рајола на 54. годишна возраст, пренесуваат светските медиуми. Супер-агентот беше во болница во Милано од средина на јануари, но ја загуби најважната битка во животот.

Информациите тогаш велеа дека станува збор за проблем со белите дробови, потоа следеа вести дека неговата состојба е подобра, но денешните вести го шокираа светот.

Рајола беше агент на едни од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата вкучувајќи го Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд…

Се вчитува...