Шок пред ЕП: Кире Лазаров го пропушта европскиот шампионат!

Екипа во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Голем шок за македонската репрезентација непосредно пред почетокот на премиерниот дуел на ЕП 2022, откако беше обелоденето дека Кире Лазаров нема да може да настапи на овој европски шампионат.

Информацијата официјално ја објави Ракометната Федерација на Македонија, за причина наведувајќи ја повредата што Лазаров ја заработил на првиот тренинг по пристигањето во Дебрецин.

„Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч“, објави РФМ.

Се вчитува...