Непосредно пред стартот на новата сезона во НБА-лигата, од другата страна на Атлантикот стигнува шокантна вест за повредата на коленото на првиот пик на драфтот, Зион Вилијамсон.
По неколкуте одлични партии во предсезоната, Вилијамсон ги пропушти последните средби на Њу Орлеанс поради повреди, но во неговата екипа се надеваа дека ситуацијата не е премногу сериознa. За жал, реалната ситуација се покажа сосема поинаква, откако беше обелоденето дека Зион има сериозен проблем со менискусот на коленото, поради што ќе мора да отсуствува два месеци од терените.
Во следните денови ќе биде извршен хируршки зафат, по што вообичаената пауза од терените изнесува околу два месеци. Ова значи дека Вилијамсон најверојатно ќе се врати на терените на почетокот на 2020 година. Во меѓувреме, улогата на стартер во Њу Орлеанс ќе му припадне на друг дебитант, Италијанецот Николо Мели, кој летово пристигна во НБА од редовите на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

