Шок пред трката во Формула 1: Ракетен напад во близина на патеката во С.Арабија додека имало болиди на неа (ВИДЕО)

Екпслозија и огромен облак од чад се појавил во близина на трката за ГН на Саудиска Арабија во Џеда. Станува збор за ракетирање на погон со нафта во близината на патеката. И тоа експлозијата била за време на првиот тренинг, пред да избие пожарот, а истиот бил фатен од камерите додека во живо ги прикажувале последните минути од тренингот.

Бунтовниците Хути од Јемен ја презедоа одговорноста за нападот, како и за низа напади низ Саудиска Арабија.

Овој најнов инцидент дополнително ќе го зголеми притисокот на шефовите на Формула 1 да превземат акции. Трката во С. Арабиија и онака предизвиквуа бројни контроверзии поради човековите права во земјата и Законот против хомосекусалците. Според пишувањата, некои од возачите побарале одложување на трката, но од раководството на Ф1 засега не планираат такво нешто.

„Чекаме повеќе информации за овој инцидент“, објави раководството на Ф1.

Се вчитува...