Денеска е тажен ден за светот на тенисот откако Рафаел Надал објави дека следниот месец ќе ја заврши својата професионална кариера. Шпанецот кој ги одбележа последните дваесетина години во „белиот спорт“ во последните сезони имаше бројни проблеми со повреди што го спречија да свои уште повеќе трофеи.
Надал преку видео порака обелодени дека последен настап во неверојатната кариера ќе му биде оној за шпанската репрезентација во Дејвис-купот, што ќе се одржи во Малага од 19 до 24 ноември.
Претходно беше најавувано дека Рафа ќе одигра неколку турнири во 2025 и планира да се збогува на Ролан Гарос, но плановите во меѓувреме дефинитивно се променија, па тој со денешното видео јасно стави до знаење дека ноемврискиот настап ќе му биде последен во кариерата.
Рафаел Надал настапи на само 23 меча во последните две години. Тоа не ја намалува неговата тениска големина, Шпанецот во неверојатната кариера освои дури 22 гранслем трофеи, од кои дури 14 на Ролан Гарос.
Две години откако Роџер Федерер кажа збогум, сега истото го прави и Рафаел Надал, па Новак Ѓоковиќ преостанува како „последен мохиканец“ од големата тројка на светскиот тенис.
Mil gracias a todos
Many thanks to all
Merci beaucoup à tous
Grazie mille à tutti
谢谢大家
شكرا لكم جميعا
תודה לכולכם
Obrigado a todos
Vielen Dank euch allen
Tack alla
Хвала свима
Gràcies a tots pic.twitter.com/7yPRs7QrOi— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА