Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да го раскине договорот со комплетниот стручен штаб, вклучувајќи го и Маријан Вајда, кој е негов тренер во текот на целата кариера. Ова треба да биде еден вид „шок терапија“ по која тој треба повторно да се врати во врвна форма и да продолжи да освојува трофеи.
Ѓоковиќ е 12-кратен освојувач на гранслем титули, а за првпат ќе биде без поддршката на досегашниот стручен штаб на Мастерс – турнирот во Мадрид.
„Сакам да им се заблагодарам за пријателството, професионализмот и посветеноста што ми ја дадоа во целиот тек од мојата кариера. Без нивната поддршка, јас немаше да бидам тоа што сум денес. Сега сум посветен на можноста да ја вратам врвната форма и повторно да бидам најдобар во светот“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Србинот се раздели со Маријан Вајда, фитнес тренерот Гебхард Фил Грич, како и физиотерапевтот Миљан Амановиќ. Претходно од тренерскиот тим на Ѓоковиќ си замина и Борис Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА