Шок терапијата даде резултат: Косово го прегази Кипар (ВИДЕО)

После убедливиот пораз на домашен терен од Романија, селекцијата на Косово во второто коло во Лигата на Нации го прегази Кипар совладувајќи го со 0-4. Овој резултат е изненадувачки ако се има во предвид дека селекторот на Косово, Франко Фода избрка тројца фудбалери од националниот тим, меѓу кои и голманот Муриќ и најдобриот играч Жегрова поради недисциплина.

И таа шок терапија даде плод вечерва каде Косово низ тотална доминација успеа да го победи Кипар и тоа на гостински терен. Муричи од пенал во 9. минута донесе предност. Истиот играч во 21. минута од игра зголеми на 0-2 на полувреме.

Рахмани во 48. минута од средбата го однесе Косово на 0-3, додека Делова во 55. минута ја запечати судбината на Кипраните постигнувајќи и четврти гол.

Се вчитува...