Поранешниот француски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја заврши професионалната кариера на 30-годишна возраст. Оваа одлука доаѓа поради пречестите повреди поради кои одигра само 13 натпревари во последните две сезони.
Некогашниот врвен стопер последиот настап го имаше за Лил, а претходно ги бранеше боите и на Лече и Барселона. Со каталонскиот тим освои седум трофеи.
Умтити ги помина сите младински категории во француската репрезентација, а за сениорскиот тим на „триколорите“ настапуваше од 2016 до 2019 година. Настапи на 31 натпревари, постигна четири голови и го освои сребрениот медал на Светското првенство кое во 2018 година се одржа во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

