Шок-вест за Борусија Дортмунд: Крај на сезоната за Витсел

Лоши вести за Борусија Дортмунд. Белгискиот фудбалер за врска, Аксел Витсел доживеа тешка повреда на мечот против Лајпциг па по деталните лекарски прегледи утврдено е дека го чека повеќемесечна пауза, по што практично за него е завршена сезоната.

Витсел ја скинал Ахиловата тетива, повредата е од потешка природа, поради што ќе мора да паузира најмалку три месеци.

Белгиецот сезонава одигра 15 натпревари за тимот од Дортмунд.

Се вчитува...