Шок во Барселона: Педри сака да замине, и тоа во ПСЖ!

Навивачите и раководството на Барселона очекуваат Педри да биде еден од главните играчи низ следните години на каталонскиот тим. Но, многу лесно може да се случи од тоа да нема ништо.

Како што пренесуваат француските медиуми, во ПСЖ се помирија веќе со загубата на Марко Верати, но нема многу да жалат за него. Затоа што тренерот Луис Енрке веќе одлучи замена на Верати во клубот да биде токму младиот Педри од Барселона.

Наводно ниту самиот Педри нема ништо против преселба во ПСЖ затоа што сака повторно соработка со Луис Енрике.

Барселона не сака да го ослободи Педри и не планира воопшто да преговара со било кој клуб за негов трансфер. Но, проблем за Каталонците е тоа што Педри има откупна клаузула и ако ја активира лесно може да се случи да замине од клубот.

Се вчитува...