Кевин Пантер, според сите проценки, следната сезона нема да биде кошаркар на Партизан. Пантер постигна договор со Макаби Тел Авив, иако има важечки договор со „црно-белите“ до следното лето.
„После три сезони дојде време Партизан и Кевин Пантер да се разделат. Капитенот на Партизан и Макаби од Тел Авив постигнаа договор за финансиските услови за соработка, така што Американецот ќе го напушти Белград по три сезони минати во црно-белиот дрес и ќе ја засили гордоста на Израел“, пишуваат српските медиуми.
Се додава дека Пантер се откажал од последната плата од договорот за сезоната 2023/24, по што добил слобода од Партизан да потпише за Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА