Фудбалскиот клуб Црвена Звезда одлучи да го суспендира и да го острани Немања Радоњиќ од првиот тим поради повеќе дисциплински прекршоци, објавија српските медиуми.
Белградскиот клуб се уште се нема огласно по оваа тема, а нема ниту временска рамка кога тој би се вратил назад во тимот.
Радоњиќ е под неофицијална суспензија во текот на целиот есенски дел поради однесувањето на тренинзите па и затоа не е дел од натпреварите во Лигата на Шампиони со што се јавува голема можност тој да ја промени средината во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

