Сосема ненајавено и неочекувано, првиот голман на Астон Вила Емилијано Мартинез синоќа го најавил своето заминување од тимот од Бирмингем. По мечот со Тотенхем кој неговиот тим го доби со 2-0, тој се збогуваше од фановите на својот клуб, и со тоа најави дека нема повеќе да брани за Вила.
Засега не е познато каде ќе заврши Мартинез. Наводно имал добри понуди од Саудиска Арабија, меѓутоа истите ги одбил и не сакал да оди таму, односно сакал да остане во Европа. Според последните информации, на крајот може да заврши во таборот на Манчестер Сити, ако Едерсон замине од „Етихад“, што е извесна варијанта.
Во исто време од Англија доаѓаат информации дека Астон Вила веќе почнал потрага по нов голман. Наводно изборот паднал на голманот на Еспањол, Жоан Гарсија. Гарсија имаше одлична сезона со тимот од Барселона, и му предвидуваат светла иднина, а на крајот би можел да заврши во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

