Крајно неизвесно, драматично и полно со пресврти ракометно дерби во Битола во кое на крајот славеа охриѓани со 26-27 со гол во последните секунди од натпреварот. На неколку пати двата тима се менуваа во водство, а ниту една екипа не се стекна со повеќе од три гола предност. И покрај тоа што Е.Пелистер имаше 26-25, сепак, на крајот Охрид со два гола успеа да ја „украде“ победата и да донесе целосно разочарување во салата „Боро Чурлески.
Ова е исто така голем чекор назад кон одбрана на титулата на Е.Пелистер, и пехарот најверојатно ќе се врати во витрините на Вардар.
Почетокот на натпреварот мина во предност за Охрид или „егал“, а потоа Со серија од 4-0, Е.Пелистер го презеде водството, и успеа да го задржи до крајот на првиот дел.
Во второто полувреме Е.Пелистер го контролираше резултатот, се стекна со предност и од три голови, но една „дупка“ и серија на Охрид од 4-0, придонесе гостите да се стекнат со предност (17-19).
Домашните успеаја да се вратат, да држат до егал, а два пати потоа и да водат (24-23 и 26-25). Но, Охриѓани успеаја да израмнат, а потоа во последниот напад и да дојдат до победа со голот на Стрмљан.
Токму тој беше најефикасен кај победничкиот тим и постигна пет голови, додека Дејан Манасков кај домаќинот постигна шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

