Шок во Бразил: Славниот клуб за првпат во историјата испадна во Втората лига

Со синоќешните натпревари од последното коло заврши уште една сезона во бразилскиот шампионат, оваа ќе остане запишана во историјата по тоа што славниот Сантош испадна од елитното друштво, за првпат во 111.годишната историја на овој фудбалски гигант.

Сантош беше еден од трите клуба (заедно со Гламенго и со Сао Пауло) што можеа да се пофалат дека никогаш не испаднале во понизок ранг на натпреварување, токму затоа огромно беше разочарувањето синоќа откако овој тим претрпе пораз во последното коло од Форталеца, што значеше и селидба во Втората лига.

Сантош влезе во последното коло со два бода предност во однос на Баија, еден во однос на Васко да Гама, но овие два тима славеа, па јасно беше дека и фудбалерите на Сантош мораат да триумфираат над Форталеца за да го задржат прволигашкиот статус. Гостите први поведоа, Сантош израмни во второто полувреме, надежта за триумф постоеше се до самиот крај, кога противникот постигна неверојатен гол од 40 метри и го пресели гигантот во понизок ранг на натпреварување.

Се вчитува...