Првиот бод во Бундеслигата во историјата екипата на Хајденхајм ја освои на гостуивањето во Дортмунд. Новиот прволигаш и по 2-0 на полувремето негатива стигна до 2-2, па дури и до неколку опасни ситуации за пресврт. Дортмунд уште еднаш прави „кикс“ по она реми со Бохум минатото коло, и веќе од почетокот го губи чекорот за титула.
Одлично почна мечот за Борусија, Бранд во 7. минута донесе предност, а Џан во 15. минута од пенал се чинеше дека Борусија ги има веќе трите бодови во „џеб“.
По неколкуте промашени зицери од страна на „милионерите“, Динкчи во 61. минута намали, за Клиндиеншт од пенал успее да израмни. И после 12 минути продолжение, Борусија не успеа да дојде до гол, ја погоди и пречката, и прави голем „кикс“ и им приредува студен туш на своите навивачи кои очекуваа сигурна победа на нивните миленици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

