Фиорентина за новата сезона ќе добие нов тренер откако денеска официјално беше прекината соработката со Рафаеле Паладино и тоа на големо изненадување бидејќи пред само неколку дена беше обновен договорот на италијанскиот стратег.
Под водство на Паладино, Фиорентина сезоната ја заврши на шесттата позиција на табелата и избори место во интернационалните натпреварувања па овој потег беше неочекуван.
Во соопштението Фиорентина не ја објави причината за разделбата, а според италијанските медиуми станува збор за недоразбирање помеѓу управата и тренерот бидејќи засега не постои понуда од страна на друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

