Шок во Фиренца – Легенда на „виолетовите“ пронајден мртов

Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, Селесте Пин, е пронајден мртов во својот стан во Фиренца.

Полицијата го пронајде мртвото тело, по повик од членови на семејството, бидејќи Пин не се појавувал веќе одреден временски период.

Не е исклучено Селесте Пин да извршил самоубиство, според оваа агенција, врз основа на официјални извори.

Тој одигра 200 натпревари за Фиорентина во периодот од 1982 до 1992 година.

Во 2022 година, тој беше примен во Куќата на славните на Фиорентина, а играше и за младинските селекции на Италија, каде што одигра 12 натпревари, без да постигне гол.

Се вчитува...