Фудбалерите на Лион нема да играат во осминафиналето од Купот на Франција, а виновници се фудбалерите на Бургоан Жалје тим кој настапува во петтото по ранг натпреварување во францускиот фудбал.
Бургоан како домаќин по изведувањето на пенали го совлада славниот француски фудбалски тим со вкупен резултат 6-4. Во основните 90 минути резултатот беше 2:2.
Во 20. минута домаќинот поведе со 1-0 со голот на Мујецки. Лион успеа да го сврти резултатот во своја полза и да наплати за подобрата игра. Во самиот финиш на првото полувреме, во 45. минута израмни Матиќ, додека Лион поведе во 64. кога Грузиецот Микаутадзе ја погоди домашната мрежа.
Мујецки уште еднаш, во 69. минута, беше кобен за Лион кога израмни на 2-2 и со тоа му обезбеди на својот тим изведување пенали. Најдобрите играчи на клубот Лаказет и Толисо не постигнаа гол при ударите од белата точка на Лион, додека четири од пет стрелци во домашниот тим беа прецизни. Само двојниот стрелец на средбата Мујецки не погоди, но тоа не му наштети на петтолигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА