Шок во Франција: Славниот Лион преселен во понизок ранг

Тимот на Лион е преселен во Лига 2, и нема идната сезона да игра во француската „елита“. Клубот е префрлен во понизок ранг поради финансиски проблеми. И покрај тоа што успеаја да го продадат Рајан Черки во Манчестер Сити, сепак, тоа не беше доволно.

Лион е во долгови од 500 милиони евра, и тоа беше доволна причина француската федерација да одлучи да го пресели во понизок ранг.

Сега францускиот гигант има можност да поднесе жалба, но не се очекува тоа да смени нешто, освен ако Лион не ги реши во меѓувреме финансиските проблеми.

Се вчитува...