Шок во Германија: Репрезентативец казнет со 450.000 евра поради нелегално поседување оружје

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Карим Адејеми, е казнет со 450.000 евра за нелегално поседување оружје.  Пред нешто повеќе од една година, Адејеми бил запрен од полицијата – во тоа време бил во друштво на неговата девојка, раперката Лоредана Зефи, и во таа прилика му биле пронајдени и одземени две оружја: боксер и електрошокер.

Бидејќи носењето какво било оружје е забрането во Германија и е строго казниво, Адејеми и неговата девојка беа обвинети за нелегално поседување предмети што би можеле да го загрозат здравјето или животот на други лица.

По неколкумесечно судење, во последните денови пристигна пресуда во која се вели дека крилниот фудбалер ќе мора да плати дури 450.000 евра казна за кривичното дело за кое е обвинет.

Тој ќе има олеснителна околност, односно ќе може да го плати целиот износ на 60 рати – по 7.500 евра.

За Адејеми оваа казна е поволен епилог, со оглед дека можел да заврши и во затвор. Во своја одбрана играчот рекол дека фудбалерот ги стекнал оружјата од „Тик-Ток“, наводно без притоа да знае што имало во кутијата која ја добил.

Се вчитува...