Хрватскиот прволигаш Горица попладнево објави дека најновото засилување на оваа екипа, 28-годишниот Абдулах Талал Хамед, исчезнал и воопшто не се појавил во клубот во последните денови.
Станува збор за фудбалер со потекло од Ирак кој има и шведско државјанство, Хамед пред десет дена потпиша договор со Горица, по што отпатува во Будимпешта (во Унгарија настапуваше за тимот на ЗТЕ) пред и целосно да се пресели во Хрватска.
„Нашиот фудбалер Абдулах Талал Хамед во понеделникот, 21 август, од Будимпешта се упати кон Велика Горица и оттогаш му се губи секој траг. Исчезнувањето е пријавено на унгарската полиција, а семејството и клубот ги молат сите кои имаат било каква информација за Хамед да ја пријават во најблиската полициска станица. Тој вози бело Порше со шведски регистарски таблици“, објавија од ФК Горица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА