ШОК ВО ИТАЛИЈА: 19-годишен фудбалер на Јувентус размислува да заврши кариера поради депресија!?

Младиот холандски фудбалер и член на Јувентус, Мохамед Ихатарен, кој игра како позајмен во Сампдорија, би можел да ја прекине кариерата поради депресија, јавуваат италијанските медиуми.

Ихатарен летоска стигна во Јувентус со помош на Мино Раиола, и се чинеше дека Јуве ќе има топ талент во своите редови. Тој бил дел од ПСВ, но не сакал да го продолжи договорот, по што заминал во Торино, а потоа бил позајмен на Сампдорија.

19-годишниот фудбалер паднал во депресија и размислува да ја заврши кариерата. Според „Калчомеркато“, Ихатарен исчезнал од Џенова пред три седмици. Наводно се вратил во Холандија поради фамилијарни проблеми.

„Кога ќе ги видиме неговите квалитети, тоа беше добра работа. Сепак, беше надвор од форма кога дојде. А, потоа нешто се случи во неговата фамилија“, истакна неодамна спортскиот директор на Сампдорија, Даниеле Фаџано.

Ихатарен наводно тешко ја поднел смртта на неговиот татко пред две години, а трансферот во Италија само ја влошил неговата ситуација. Моментално му се губи секаква трага, и никој не знае каде се наоѓа.

Се вчитува...