Шок во Италија: Шест клуба од Серија „А“ ќе добијат забрана за трансфери!?

Шест тима од најелитната италијанска прва лига, би можеле да се соочат со забрана за трансфери за време на зимскиот преоден рок. На листата „ризични“ клубови се Наполи, Аталанта, Лацио, Фиорентина, Торино и Џенова.

Проблемот е настанат поради построгите регулативи на т.н. „проширени трошоци на работна сила“ во Италија, индиактор кој се однесува на односот на личните трошоци кон приходите во клубот. Според новите правила, ако клубот не покаже позитивен финансиски биланс или не ја оствари потребната продажба на играчи, нема да може да регистрира нови играчи.

Клубовите мора да ги достават своите финансиски извештаи од 30 септември до 30 ноември. Врз основа на овие податоци, Серија „А“ ќе добие детален преглед на состојбата, и ќе може да одлучува за евентуални забрани.

Се вчитува...